Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Савески: Предметот „Мазут“ е во Вишото јавно обвинителство, а случајот со шпионажа во кабинетот на претседателката е во завршна фаза

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител Ненад Савески изјави дека останува на принципиелниот став да не коментира политички изјави, но нагласи дека комуникацијата со извршната власт, вклучително и контактите со премиерот, не ја смета за спорна и потенцира дека таа не влијае врз независноста во одлучувањето. Во контекст на зголемените јавни критики и изјави од политичкиот врв за работата на Обвинителството, Савески истакна дека очекувањата за резултатите се легитимни, но дека самостојноста на институцијата е загарантирана со Уставот и законите. Паралелно, информира дека истрагата за случајот со шпионажа во кабинетот на претседателката е во завршна фаза, а предметот „Мазут“ е во постапка пред Вишото јавно обвинителство, од каде што се очекува одлука во законски предвидениот рок.

– Сè уште стојам на ставот дека нема да коментирам изјави на политичари, вклучително и функционери, или конкретно претседателот на Владата. Меѓутоа, како што кажав и претходно, секој има право да ги изнесува своите ставови, а ние имаме обврска да ги исполниме очекувањата и да дадеме резултати, што е сосема природно – изјави Савески.

Во однос на изјавите на премиерот дека „трпението му е при крај“, како и неговото право да комуницира со Обвинителството, Савески вели дека не гледа ништо спорно во самата комуникација.

Реклама

– Не знам во колкава мера е тоа надлежност на премиерот, меѓу другото, да се јавува кај јавен обвинител, меѓутоа, како и секој друг што има право да ми се јави, ми се јави и премиерот, односно претседателот на Владата, и тука не гледам ништо спорно. Сум истакнал и во моите претходни изјави дека секогаш сум за соработка меѓу институциите. Во овој случај, комуникацијата помеѓу Јавното обвинителство и другите институции сметам дека е неопходна со цел постигнување резултати. А за да се постигнат резултати, потребно е да се обезбедат и услови. Во голем дел токму извршната власт има задача и улога да обезбеди услови за работа на јавните обвинители – рече Савески.

Тој ја отфрли можноста ваквите комуникации да влијаат врз самостојноста на Обвинителството.

– Самостојноста е неоспорна и е предвидена и во Уставот и во матичните закони по кои постапува Јавното обвинителство. Така што, било каква реакција не можам да ја сметам како влијание врз мене при носењето одлуки или постапувањето. Во оваа пригода испраќам порака и до сите јавни обвинители – без оглед на разни активности, дејства или изјави – да не дозволат тоа да се одрази врз нивното секојдневно постапување и одлучување – изјави јавниот обвинител.

Во однос на актуелните предмети, Савески информира дека истрагата за случајот со шпионажа во кабинетот на претседателката е во завршна фаза.

– Она што е најново е дека имаше состанок со истражителите, односно со истражителите од МВР и тимот на истражители што работи на овој случај во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Имаше координативен состанок, на кој присуствував и јас. Се изготви план за понатамошни истражни дејства. Според информациите со кои имав увид како од надлежниот јавен обвинител така и од истражителите, истражните дејства се во завршна фаза, така што сметам дека многу бргу ќе има јавнообвинителска одлука во врска со овој случај – рече тој додавајќи дека видеоснимките се предадени и се предмет на анализа.

За предметот „Мазут“, пак, посочи дека моментно е во Вишото јавно обвинителство Скопје. 

– Последниот податок што го имам е дека предметот веќе е предаден – и како физички предмет – од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал до Вишото јавно обвинителство Скопје. Релативниот рок од 30 дена сè уште тече, така што очекувам дека во разумен рок, кој му е потребен на надлежниот виш јавен обвинител, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука и јавноста ќе биде соодветно информирана – посочи тој во изјава за медиумите по денешната седница на Советот на јавните обвинители.