Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изразува жалење за повлекувањето на Ленче Ристоска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изразува жалење за повлекувањето на Ленче Ристоска од функцијата обвинител и нагласува дека одлуката што ја донел за отповикување на сите овластувања дадени кон неа од неговите претходници не е персонална, туку е од организациска природа и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска.

-Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите. Но, она што сакам да го истакнам е дека Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда. Одлуката за отповикување на сите овластувања дадени од моите претходници не е персонална и во никој случај не е насочена кон работата на обвинителката Ристоска, вели Савески.

Таа одлука, како што посочува, е од организациска природа и нејзината цел е зголемување на ефикасното постапување на јавното обвинителство.

Реклама

-Ја користам оваа прилика да ги повикам сите јавни обвинители заедно и секој поединечно, да не дозволиме ништо да влијае врз нашиот професионален интегритет и секојдневна работа. Воедно, упатувам повик и до сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози, бидејќи тоа е во интерес не само на јавното обвинителство, туку и на сите граѓани кои што ги остваруваат своите индивидуални права и слободи меѓу останатото и преку работата на оваа институција, посочи Савески.

Сите одлуки, додаде, што ги носам од почетокот на извршувањето на оваа функција и што ќе продолжам да ги носам се во насока да ја гарантирам независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство.

Обвинителката Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од обвинителската функција. Како што информира во пишано сооп штение до медиумите, оставката ја поднела поради одлуката што ја донесе државниот јавен обвинител Ненад Савески за повлекување на нејзините овластувања за застапување во клучни предмети во завршна фаза.