Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Савески и Рокас ги потврдиле приоритетите – борбата против корупцијата и суштинско враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска остварил средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески денеска остварил средба со амбасадорот на Европската Унија во земјава Михалис Рокас, со кого разговарале за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата.

-Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти, истакнал Савески.

Амбасадорот Рокас му го честитал изборот на една од највисоките функции во правосудството и му посакал успешна работа.

Реклама

Во разговорите, како што информираат од Јавното обвинителство, тие се осврнале на приоритетите во однос на борбата против корупцијата и на суштинско враќање на довербата на граѓаните дека правосудниот систем функционира.

Савески и Рокас се согласиле за потребата од стабилен буџет за јакнење на капацитетите на Јавното обвинителство. Амбасадорот Рокас ја изразил поддршката за независноста и за јакнење на транспарентноста на обвинителството.

Државниот јавен обвинител ја искористил можноста да се заблагодари за континуираната поддршка од ЕУ за Јавното обвинителство, но и за владеењето на правото во нашата земја воопшто.