Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Сашко Кедев: Битола е најпланинарскиот град во Македонија

Битола е најпланинарскиот град во Македонија, изјави, д-р Сашко Кедев, кој вечерва…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битола е најпланинарскиот град во Македонија, изјави, д-р Сашко Кедев, кој вечерва беше гостин на планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, здружение кое одбележува 90 години од основањето.

Во чест на јубилејот, д-р Сашко Кедев приреди презентација со наслов „14х8000 МЕТРИ“ низ која со збор и слика ги пренесе доживувањата за време на освојувањето на 14-те највисоки планински врвови на светот.

-За мене Битола е најпланинарскиот град во Македонија и затоа секогаш првите презентации во татковината ги одржувам во Битола. Ова го правам затоа што имам посебно чувство на респект кон Битола и не само како најпланинарски град, туку и град што го даде Димитар Илиевски Мурато, човекот што ја трасираше патеката на искачување на големи височини, истакна д-р Кедев.

Реклама

Низ презентацијата „14х8000 метри“ , д-р Кедев пред битолчани потсети дека го затворил кругот на 14 планински врвови, бидејќи како што рече, само затворениот круг е перфектен.

-Само затворениот круг е перфектен, но можеби ќе се отворат нови кругови и тоа не го исклучувам. Основно е никогаш не вели никогаш. Врвовите се на седум континенти или тоа се т.н. Seven Summits, а тука спаѓа и Еверест како највисок врв на Азија. Во презентацијата се моите лични искуства, предизвиците и сознанијата до кои дојдов во зоната на смртта. Планината им припаѓа на сите, нема возрасна граница, нема лимит за планинарење. Секој човек може да го најде својот индивидуален лимит и секој може да го најде своето индивидуално прифатливо ниво на ризик, посочи во изјава за МИА, д-р Кедев.

Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“-Битола, програмските активности посветени на јубилејот 90 години од основањето ќе ги заокружи в недела со планинарска тура, истакна Димче Попов, претседател на клубот.

-Оваа вечер имавме големо задоволство што успехот на д-р Кедев кој го затвори кругот на 14 највисоки врвови во светот да го презентира токму во нашиот град и за време на прославата на нашиот јубилеј – 90 години од формирањето на клубот. Програмата ќе ја завршиме в недела со настан кој ни го довери Планинарската федерација на Македонија, а е поврзан со меѓународното одбележување на Денот на планината. До овој момент пријавени се околу 400 планинари и сите ќе учествуваат на пуштањето на новата планинарска патека која почнува од селото Цапари до местото викано Пресека, а потоа ќе имаме дружење до Инфо центарот на ЈУ Национален парк „Пелистер“, истакна Попов.

Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“, вечерва во Битола во рамки на јубилејот и во знак на голема почит на постигнатите успеси, на д-р Сашко Кедев му додели плакета за вонредни заслуги.