Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан во Скопје

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Македонија. Целта на оваа конференција е да се поддржи поширока стратешка дискусија за растечката улога […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Македонија.

Целта на оваа конференција е да се поддржи поширока стратешка дискусија за растечката улога на спортската дипломатија во унапредувањето на националните интереси, зајакнувањето на меѓународната соработка и подобрувањето на регионалната поврзаност. Настанот ќе се фокусира на современите политики, практики, предизвици и идни можности поврзани со користењето на спортот како дипломатска и развојна алатка.

Во рамки на Самитот ќе биде официјално промовиран и Western Balkan Sport Diplomacy Hub – регионална иницијатива, која има за цел да ја зајакне соработката помеѓу олимписките комитети од регионот и да ја унапреди улогата на спортот како алатка за дипломатија, меѓународна соработка и градење мостови помеѓу народите.

Реклама

Настанот ќе обедини претседатели и генерални секретари на олимписките комитети од земјите од Западен Балкан и поширокиот регион, како и девет амбасадори и високи институционални претставници, кои преку две панел-дискусии ќе разговараат за современите предизвици, политики и перспективи на спортската дипломатија.

Посебен момент на Самитот ќе биде свеченото потпишување на документот за воспоставување на Регионалниот центар за спортска дипломатија, како заедничка иницијатива на олимписките комитети од Западен Балкан.