Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Сали: Систематизацијата на МВР нема да ја загрози безбедноста во Дебар и околината

Нема да има загрозување на безбедноста во Дебар или штета на граѓаните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да има загрозување на безбедноста во Дебар или штета на граѓаните со новата систематизација на Министерството за внатрешни работи, уверува вицепремиерот Беким Сали. 

Тој, одговарајќи на пратеничко прашање на Арбана Пашоли од ДУИ, вети дека новата систематизација во полицијата ќе овозможи поголема ефикасност во извршувањето на работите во Дебар и околината.

– Систематизацијата се прави врз основа на потребите и технологијата која е унапредена, односно потребните броеви за креирање внатрешни политики во МВР. Знаеме дека Дебар не го покрива само градот, туку и други општини кои се во близина и е во близина на граничен премин. Да бидете убедени вие и граѓаните, кои што живеат во тие населени места дека нема да дозволиме да има загрозување на безбедноста и нормално функционирање и извршување на должностите кои ги има МВР, бидејќи безбедноста на граѓаните е обврска на државата, рече Сали. 

Реклама

Тој нагласи дека нема потреба од политичка параноја и оти систематизацијата во полицијата не е променета во последните 15 години.

– Чекаме да им одговориме на потребите на граѓаните, бидејќи променети се многу работи во нашата држава, како образование, здравство и други сектори за кои треба да бидеме рационални и функционални. Имаме ефикасност на терен, а не треба да се базираме на лични интереси, додаде Сали.