Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сали – Палминтери: Продлабочување на соработката и поддршката на Италија за европската интеграција на Македонија

Напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција и за приоритетите поврзани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напредокот на Македонија во процесот на европска интеграција и за приоритетите поврзани со Реформската агенда и пристапниот процес, биле во фокусот на средбата меѓу министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали и амбасадорот на Италија во земјава, Паоло Палминтери. 

Како што соопшти МЕП, министерот Сали ја истакнал посветеноста на Владата на испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото, јакнењето на институционалните капацитети и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови.

Соговорниците размениле мислења за можностите за соработка преку европските инструменти, особено во рамки на Твининг и ТАЕКС програмите, како и преку регионалните и транснационалните програми во кои учествува Северна Македонија.

Реклама

-Министерот Сали изрази благодарност за поддршката од Италија во клучни области како животната средина, енергетиката, социјалната политика и економскиот развој, како и за солидарноста и помошта во справувањето со поплавите во 2016 година и мигрантската криза, стои во соопштението на Министерството.

Оттаму додаваат дека Сали исто така нагласил дека Министерството за европски прашања останува посветено на продлабочување на соработката со Италија, особено во областите поврзани со реформите и европската интеграција на земјата.