Реклама

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Македонија

Сали од Никозија: Проширувањето е стратешка инвестиција во стабилноста и безбедноста на Европа

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Неформалниот состанок на министрите за европски прашања, кој се одржа во Никозија, под претседателството на Кипар со Советот на Европската Унија.

Во рамките на сесијата посветена на проширувањето, министерот Сали ја нагласи важноста на кредибилен и предвидлив процес на проширување, заснован на принципот на заслуги и на темелните вредности на Европската Унија.

Како што информираат од МЕП,  Сали истакна дека проширувањето денес претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и отпорноста на Европа, при што реформите во владеењето на правото, демократските институции и јавната администрација остануваат клучни предуслови за напредок во процесот на пристапување.

Реклама

Министерот Сали посочи дека Македонија останува целосно посветена на европската перспектива, спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските политики и вредности.

Во своето обраќање, Сали нагласи дека постепената интеграција треба да претставува механизам за забрзување на конвергенцијата кон полноправно членство, а не негова замена, при што ги истакна придобивките од поголемата интеграција во единствениот пазар, европските програми и финансиските инструменти поврзани со реформите.