Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Сали на конференција за Западен Балкан во Виена: Проширувањето на ЕУ да биде праведно и предвидливо, напредокот да се оценува според објективни критериуми

Процесот на проширување треба да остане праведен и предвидлив, а постигнатиот напредок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Процесот на проширување треба да остане праведен и предвидлив, а постигнатиот напредок на земјите кандидати да се оценува според објективни европски критериуми. Земјата останува целосно посветена на реформите и на членството во Европската Унија – истакна вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали на конференцијата за Западен Балкан во Виена на покана на австриската министерка за Европа, интеграција и семејство, Клаудија Бауер.

Во дискусиите за иднината на Западен Балкан, како што соопшти МЕП, министерот Сали истакнал дека процесот на проширување треба да носи видливи придобивки за граѓаните и пред членството.

Сали посебен акцент ставил на младите и на потребата од повеќе можности за образование, стручна обука, практикантство, истражување и размена со европските партнери.

Реклама

– За нашите млади европската иднина треба да значи реални можности да учат, да се развиваат и да ја градат својата иднина во својата земја – истакна Сали.

Говорејќи за постепената интеграција, министерот ги посочил олеснувањето на трговијата преку зелените коридори, учеството во СЕПА и дигиталната соработка како примери за конкретните придобивки што приближувањето кон Европската Унија може да им ги донесе на граѓаните и компаниите.

Тој нагласил дека поширокото учество во програмите, политиките и единствениот пазар на ЕУ треба да се заснова на јасни критериуми, спроведени реформи и почитување на владеењето на правото.

Од МЕП додаваат дека министерот исто така се заблагодарил на Австрија за организацијата на конференцијата и за континуираната поддршка на европската перспектива на Западен Балкан.