Реклама

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Македонија

Сали: Испораката на реформите е клучна за напредокот на Македонија кон членство во ЕУ

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска го отвори состанокот на Стратешкиот координативен одбор на проектот „Поддршка за европската интеграција на Македонија“, кој се одржа во Министерството за европски прашања.

Како што соопшти МЕП, на состанокот учествуваа претставници на Владата, амбасадори на земји членки на ЕУ, претставници на Европската Унија, како и партнери од системот на Обединетите нации, вклучително и Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS).

Министерот Сали во обраќањето нагласи дека европската интеграција останува највисок стратешки приоритет на Северна Македонија и дека по завршувањето на скрининг-процесот, фокусот се насочува кон конкретна имплементација на реформите.

Реклама

-Сега влегуваме во одлучувачка фаза – од идентификување на празнините преминуваме кон нивно затворање. Тоа бара силен институционален капацитет, координација и дисциплинирана имплементација. Реформската агенда треба да се разбере не само како политичка рамка, туку како оперативна програма за реализација, при што клучни се јасните приоритети, реалните рокови и ефективната меѓуинституционална координација, истакна Сали.

Министерот ја нагласи и важноста од партнерството со меѓународните организации и имплементациските партнери, како што е UNOPS, кои помагаат политичките обврски да се претворат во конкретни резултати преку техничка експертиза, поддршка во управувањето со проекти и транспарентна имплементација.

-Заедничката цел останува јасна – целосно членство на Македонија во Европската Унија. За да го постигнеме тоа, потребни се доследност, кредибилитет и резултати, порача Сали.

МЕП информира дека на состанокот беше направен преглед на досегашниот напредок на проектот, како и на планираните активности во наредниот период, со цел натамошно зајакнување на институционалната подготвеност и координацијата на реформските процеси.