Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Сали – Бретел: Интензивирана координација со Европската комисија за спроведување на Реформската агенда

Напредок во реализацијата на Реформската агенда во рамки на Планот за раст…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напредок во реализацијата на Реформската агенда во рамки на Планот за раст на Европската унија за Западен Балкан, како и координацијата со Европската комисија во исполнувањето на предвидените реформски чекори се темите за кои денеска разговарале првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали ираководителот на единицата во Генералниот директорат за проширување и Источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија Сигрид Бретел.

Како што соопшти Кабинетот на министерот, Сали истакнал дека институциите активно работат на исполнувањето на реформските обврски и дека се очекува позитивен напредок во однос на исполнувањето на чекорите од третото барање за ослободување средства. Тој нагласи дека претстојниот период е од клучно значење, особено во контекст на обврските кои се во т.н. „грејс-период“ до јуни 2026 година.

Од двете страни била поздравена редовната координација со службите на Европската комисија, вклучително и месечните координативни средби и мониторинг-сесии, кои се сметаат за значајни за навремено спроведување на приоритетите и избегнување на евентуално губење средства.

Реклама

На состанокот се разговарало и за напредокот во изработката на патоказите за владеење на правото, јавната администрација и странските директни инвестиции, како и за Акцискиот план за правата на заедниците. По завршувањето на експертските мислења и јавните консултации, документите ќе бидат финализирани и доставени до Владата за усвојување.

-Дополнително, беа разгледани и тековните активности поврзани со усогласување на националното законодавство со европското право, меѓу кои и законските решенија во областа на правосудството и електронските комуникации, како и подготовките за иницијативата „Roam Like at Home“, се наведува во соопштението на Министерството за европски прашања.

Сали и Бретел ја нагласиле потребата од одржување на интензивна и конструктивна соработка меѓу институциите на Северна Македонија и Европската комисија, со цел обезбедување континуитет во реформскиот процес и понатамошен напредок во европските интеграции.