Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Саем за вработување и дообразование во Словенија

Доктори и медицински персонал, возачи, градежни работници – На денешниот саем за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доктори и медицински персонал, возачи, градежни работници – На денешниот саем за вработување во Словенија беа презентирани сите дефицитарни професии и слободни работни места. Велат, организираме настан во Скопје, бидејќи во Македонија има голем интерес за работа во Словенија.

  • „Присутни се сериозни фирми од Словенија, кои ќе дадат точни и релевантни информации за вработувањето во Словенија. Важно е да се каже дека бараме добар, квалификуван кадар за работа во Словенија, за кој сме сигурни и убедени дека тоа го имаме во Македонија.“ – Порача Грегор Прескар, Амбасадор на Словенија во Македонија.

Велат, во Словенија има потреба од дополнителен кадар, особено во здравството и социјалната грижа. Нудат и можности за дообразование, обуки и специјализации.

  • „Од страна на работодавците во Словенија добивме барање повторно да се организира овој настан, со цел да добиеме високо квалификувана и мотивирана работна сила. Во Словенија е инзвонредно голема потребата за вработување во секторот здравство и социјална грижа.“ – Истакна Анка Роде од завод за вработување на Словенија.

Оттаму додаваат дека сега процедурите за добивање дозвола за работа се олеснети. Интервјуата се спроведуваат по интернет, па кандидатите не мора да одат до Словенија за да се пријават.

Реклама
  • „Во Словенија имаме потреба за лекари, здравствен персонал, како што се гинеколози, педијатри, општи лекари. Бројот на вработени просечно е голем. Сите заинтересирани сериозни кадри дополнително ги интервјуираме.“ – Изјави Хелена Блажун-Вошнар, Помошник директор на здравствен дом Марибор.

Камерата на Алфа затекна голем интерс на нашинци со намера да одат на печелба во Словенија, како младиот лекар Бојан Јанески.

  • „Во вакви услови како што сега живееме тешко, не е проблем платата, проблем се условите за живот државата што ги нуди. Кои се за вас клучни услови, што може да одвоиме што е најважно? Начинот на живот, средината која што те опкружува и проблемите, нерешените проблеми што една држава ги дава на своите жители.“ – Истакна Јанески.

Ова е втор настан што словенечкиот завод за вработување го оранизира на Балканот, откако неодамна веќе се оддржа еден и во Босна и Херцеговина. Поради демографските прилики, тие имаат недостатокот на работници во државата, па преку овие саеми, имаат за цел да тоа да го надминат со квалитетни кадри од регионот.

Никола Цветкоски