Реклама

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Македонија

Саем за медицина – вештачката интелигенција го менува и здравството

Вештачката интелигенција ги променува од корен речиси сите индустрии, но и медицината.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција ги променува од корен речиси сите индустрии, но и медицината. Во Македонија за среќа има млади доктори кои со својот ентузијазам се обидуваат да го подигнат нивото на македонското здравство – ова е заклучокот на лекарската фела и на здравствените власти кои беше презентиран на саемот за медицина во Скопје.

Лекарите се децидни дека вештачката интелегенција во здравството не може да ги замени лекрите. Иако се развива молскавично брзо, таа е далеку од безгрешна. Затоа задачата на докторите е да ги „уловат“ грешките.

Од Агенцијата за електронски комуникации велат дека драстичниот пад на лекари во светот се сериозна закана за јавното здравје. Затоа вештачката интелегенција треба да биде рака под рака со медицинскиот персонал.

Реклама

“Многу истражувања покажуваат дека до 2030 година во светот ќе недостигаат околу 18 милиони здравствени работници од кои најмалку 5 милиони ќе бидат лекари.И јас во блиска иднина улогата на дигиталната трансформација особено на вештачката интелегенција ја гледам интегирана заедно со медицинскиот персонал и таа ќе даде дополнителна вредност” изјави Орце Симов,претседател на комисија на Агенцијата за електронски комуникации.

Дека дигитализацијата во здравството е еден од клучните столбови за унапредување на системот потврдува и министерот Азир Азлиу.

Македонија веќе има Национално координативно тело за Вештачка интелигенција под капата на Министерството за дигитална трансформација.

Проектот ќе има за цел да го поттикне развојот на македонски јазични модели, ќе ги поддржи здравството, енергетиката, јавната администрација и земјоделството.

Ања Лукарова