Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Руте од Скопје: Во НАТО никој не е сам, ќе ја браниме и Македонија, ако биде вовлечена во кризата што ескалира на Блискиот исток

Во НАТО  никој не е сам, вашите сојузнци и пријатели се со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во НАТО  никој не е сам, вашите сојузнци и пријатели се со вас, ќе ја браниме и Македонија, ако биде вовлечена во кризата што деновиве ескалира на Блискиот исток, порача генералниот секретар на Алијансата Марк Руте од Скопје. По средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, потенцираше дека дражвава е верен и вреден сојузник на НАТО, кој придонесува за зголемување на безбедноста на источното крило на Алијансата.

Доказ за силното партнерство според Руте е и што Македонија издвојува повеќе од два проценти за обраната од својот бруто домашен производ, како и учеството во повеќе мисии.

-Можам да ве уверам дека НАТО ќе го одбрани секој дел од територијата на НАТО. Нашите воени командири секојдневно работат на ова и имаат пристап од 360 степени, земајќи ја предвид секоја закана, изјави генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.

Реклама

Сиљановска Давкова порача дека самата посета на Руте во овој период покажува дека НАТО во Македонија гледа силен партнер. Според неа најголемата гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан и за трајна отпорност на влијание од трети сили ќе биде итна и целосна интеграција во Европската Унија.

-Мора да ставиме крај на вештачките прични и на причните од историски и идентитетски карактер за оневозможување на регионалното членство во ЕУ, и да се концентрира и да се концентрираме на копенхагенските критериуми. Одговорно тврдам на крајот дека најголемата инвестиција и гаранција не само за нашата безбедност, туку и за Европа во целина е нашето членство и членството на Западен Балкан во Европската Унија, изјави Сиљановска Давкова.

Руте директно се осврна и на случувањата на Блискиот исток, велејќи дека сите знаеле дека Иран е директен експротер на хаос и тероризам, па поради тоа потребна била воената операција од страна на САД и Израел, но потенцираше дека во моментов НАТО нема да се меша во овој конфликт.

-Да се деградираат нуклеарните способности на Иран и способностите за користење на проектили. И фактот дека Хамнеи веќе не е тука, кој што само оваа година беше потенцијално одговорен за 10 илјади смртни случаи, поради иранскиот режим каде што луѓето зпаочнуваа да протестираат против режимот во јануари ние го увидовме. Затоа мислам дека сите сме во подобра ситуација со тоа што тој веќе не е тука, изјави Руте.

Руте во Скопје се сретна и собранискиот спикер Африм Гаши, а се обрати и пред пратениците во Собранието, по што беше гостин и на македонските војници во касарната Илинден.

Матеја Петровски