Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

РСБСП со апел за безбедно возење во зимски услови

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира возачите да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира возачите да возат внимателно и одговорно во зимски услови и порачува дека само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата зашто секој живот е важен.

Апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја приспособат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да избегнуваат нагли запирања и да одржуваат безбедно растојание помеѓу возилата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

– Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание и концентрација за време на управување со возилото – посочуваат од РСБСП.

Реклама

Поради интензивните снежни врнежи и лизгавите коловози, РСБСП потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително користење на пропишаната зимска опрема.

– Пред поаѓање на пат неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото, која опфаќа: техничка изправност, проверка на нивото на антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците – велат од РСБСП.