Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Прилози

Розови очила само кај Маричиќ и власта: За сите други извештајот на ЕК е најлошиот

Розевите очила очигледно ги има само Бојан Маричиќ и власта, и буквално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Розевите очила очигледно ги има само Бојан Маричиќ и власта, и буквално никој друг. Дека полош извештај сме немале со години покажува и анализата на Институтот за европски политики- Скопје, именувана „Разнишани преговори“. Од таму велат посебно проблематично е што во оценките за Македонија се вели дека никаков напредок немаме во клучните полиња за европскиот напредок, она што е најважно за Европската Унија, односно корупцијата и условите во правосудството.

–Немаме напредок во однос на изборните реформи, тоа е особено значајно ако знаеме дека следната година не очекуваат избори. Немаме напредок во правосудството и борбата против корупцијата. Меѓутоа, она што е веројатно најзагрижувачко во третиот дел, односно човековите права е состојбата во затворите која комисијата ја опишува како страшна и веројатно е нешто на кое што властите треба да поработат, изјави Кацарска. 

Според директорката на Институтот, Симонида Кацарска, она што треба да ја загрижува државата е што помал напредок од лани имаме и во најскапиот темел на преговорите со ЕУ, односно екологијата. Сепак кај власта нема никаква доза на самокритика, најдоа дури и позитивни делови во извештајот, а за она што било лошо виновна била опозицијата. Кацарска е на ставот дека ако се задоволуваме со малку, тогаш властите може да бидат задоволни.

Реклама

-Зависно е каде си ја поставуваме целта, значи ние сме како држава кандидат која што вели дека е многу усогласена, доколку сме задоволни со малку, тогаш сме го достигнале нашиот плафон, нашиот врв на она што можеме да постигнеме, меѓутоа наша работа е да се надевама дека можеме да одиме побрзо, изјави Кацарска.

Околу амбициите на власта за членство во ЕУ до 2030-та, Кацарска е на ставот дека добро е да се има некаква временска рамка, но тешко да се очекува брзо членство, доколку работите останат како што се запишани во најновиот извештај на ЕУ. Иако, тука не убедуваат дека проширувањето е главна цел на ЕУ, сепак во овој извештај тоа за Западен Балкан и да не е споменато, во овој сегмент се опфатени само Украина и Молдавија, кои добија условен предлог за старт на преговори, како и Грузија која доби кандидатски статус.

Матеја Петровски