Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

На Мерко му е гајле што негувателките во Струга се платени мизерно, и нема да доаѓаат на работа од 1-ви февруари

Затворањето на градинките во Струга ќе има последици врз мајките кои работат и ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Затворањето на градинките во Струга ќе има последици врз мајките кои работат и ќе ги ограничи нивните можности за финансиска поддршка на семејството. Разочарувачки и засрамувачки е да се види дека нивните плати остануваат меѓу најниските во земјата. Овој јаз во плати е навреда за жените и за професијата и дрзок потсетник на системската дискриминација во сите пори на нашето општество –силно реагираат невладините организации солидаризирајќи се струшките негувателки по најавата дека доколку за два дена општина Струга не им го реши работниот статус, ќе престанат да одат на работа.

” Заканата за затворање на градинка треба да биде повик за будење и да нè поттикне заедно и гневно да застанеме и да побараме почит, признавање и, пред сѐ, соодветна парична компензација за трудот што овие жени го вложуваат. Негрижата за работничките во градинките истовремено е и силен напад врз економската независност на вработените мајки во заедницата!” велат од „Хера“.

Станува збор за 21-на негувателка кои работат со договор на дело,некои од нив цели 18 години. Ние велат не баравме решение наеднаш за сите,но бидејќи не добивме нити достоинствена плата,решивме од 1-ви февруари да не доаѓаме на работа.Тоа значи ставање под клуч на градинките во кои секојдневно се згрижуваат над 500 дечиња. Општината велат нема слух да го реши проблемот,а никој од институциите не реагира иако се инфорирани за се’ што ни се случувам додадаваат тие.

Реклама

“ Проблемот е во тоа што немаме здравствено,немаме пензиско осигурување си ги бараме нашите права и како родители и како вработени во градинката.Сите сме фамилијарни луѓе со дечиња дома и 10.000 денари а и помалку кога би биле тоа не се ништо,со тоа ништо не решава”- вели Емилија Мариноска Пејчиноска,негователка.

“Ни една не сме вишок, значи има помалку персонал, повеќе не.Ниедна не е вишок, сите си ги заслужуваме местата што ги имаме моментално. Навистина е бесмислено ако ние 20 души напуштиме на 1-ви, не знам кој ќе може да ги згрижува децата стварно” -вели Весна Маркоски,негувателка.

Договорите на дело ги потпишувале секој месец, она што ја прели чашата е информацијата која стигнала до нив дека наместо досегашните 10.000 денари,месечно ќе добиваат само 5.000 денари. Згора на се’ четири месеци во годината се на неплатен одмор.Тие работат со надомест кој е двапати помал од минималната плата, а речиси четири пати помал од официјалната просечна плата за декември 2023 година, во услови кога минималната синдикална кошничка изнесува над 56.000 денари.

Росица Голабоска