Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Прилози

Ромските ученици најчести жртви на онлајн булинг

Дебел си, грда си, глупав си, досаден си – ова се само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дебел си, грда си, глупав си, досаден си – ова се само дел од секојдневните навреди помеѓу децата во основно и средно образование. Врсничкото насилство расте, соучениците секојдневно доживуваат навреди, потсмев, омаловажување, но и физичко насилство од страна на своите другарчиња – ова го покажува Извештајот на Институтот за човекови права, а главните причини според познавачите се социјалниот статус на жртвите и различнита етничка припадност.

Анализите покажуваат дека ромските ученици се најчести жртви на онлајн булинг, но евидентирани се и алармантни случаи на насилство и поседување ладно оружје во училишните ранци. Загрижувачки е и податокот каде што поради врсничко насилство имало и самоубиства кај деца – малолетници.

„Учениците од сите етнички заедници потврдија дека врсничкото насилство најчесто се случува преку социјалните мрежи, не само во училиштата. Наставниците – особено од македонската и другите етнички заедници кажаа дека основа за врсничко насилство е етничката припадност, за разлика од албанските наставници кои кажаа дека нема дискриминација или врсничко насилство врз основа на етничка припаднст“ вели Јелена Кадриќ, изврешен директор на Институтот за човекови права

Реклама

Надлежните алармираат дека растот на булингот во училиштата е најприсутен и потребни се итни мерки за намалување на бројот на жртви од врсничкото насилство.

„Насилството за жал зема се поголем замав и е распространето насекаде во државата. Затоа денеска храбро зборуваме за оваа тема со цел да придонесеме кон подобрување на состојбата – особено во образованието“ вели Далибор Китановиќ, директор на Агенцијата за остварување на заедниците

Експертите велат дека за да се спречи булингот и врсничкото насилство потребно е да се работи на превенција со децата каде ќе бидат вклучени родителите и наставниците.

Давид Крстевски