Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Роденденска честитка од г.г. Стефан за рускиот патријарх Кирил

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, му упати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, му упати роденденска честитка на рускиот патријарх Кирил по повод неговиот 80-ти роденден. Писмото со пофалби за водството на Руската православна црква лично во Москва му го однела македонската делегација, составена од дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј и хераклејскиот епископ Климент.

На средбата во Даниловиот манастир, рускиот патријарх ја истакнал духовната и словенската поврзаност меѓу двете цркви, но посебно внимание посветил на статусот на Македонската православна црква. Митрополитот Георгиј му се заблагодарил на Кирил за поддршката што Московската патријаршија ја дала во процесот на решавање на црковниот статус на МПЦ, како и за признавањето на автокефалноста доделена од Српската православна црква.

На средбата биле разменети и подароци. Македонската делегација му подарила на Кирил икона на светите Кирил и Климент Охридски, додека рускиот патријарх испратил за г.г. Стефан комплет од две панагии и напрсен крст.

Реклама