Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Ристовски: Ветено и реализирано, од руина до комплетно уреден простор за рекреација

Министерот Борко Ристовски објави дека е завршена санацијата на паркот во Ајдучко…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Борко Ристовски објави дека е завршена санацијата на паркот во Ајдучко маало во Тетово.

„ВЕТЕНО И РЕАЛИЗИРАНО!“ напиша тој на социјалните мрежи.

Завршена е санацијата на паркот во Ајдучко маало во центарот на Тетово кое сега блесна во ново руво, соопшти министерот за спорт Борко Ристовски

Реклама

„Ветено сторено! Од руината што ја затекнавме во центарот на Тетово, сега граѓаните имаат комплетно уреден простор за спорт и рекреација.
-Санирано е кошаркарското игралиште на кое е поставена акрилна површина во четири слоја на вкупна површина од 200 м2, заштитна мрежа на челичната конструкција на оградата, нова табла и обрач.
– На фудбалското игралиште поставена е вештачка трева по ФИФА стандарди за мини фудбал.
– Поставена е урбана опрема во паркот, нови клупи и корпи.
– Во фитнес зоната поставена е нова подлога и фитнес реквизити, а на детското игралиште реконструирани се постоечките реквизити“ објави Ристовски.

На барање на граѓаните, на 15 август, министерот Борко Ристовски го посети руинираното спортско игралиште во паркот Ајдучко маало во центарот на Тетово, вети негова реконструкција и веќе наредниот ден почна санацијата. Се презедоа брзи и ефикасни мерки и сега спортското игралиште е целосно обновено и ставено во функција, додава Ристовски.