Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Македонија

Ристовски: Нови инвестиции во спортот за создавање генерации на успешни спортисти

Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше на синоќешното издание на подкастот „ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше на синоќешното издание на подкастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, каде што ги презентираше постигнувањата на новоформираното Министерство за спорт и плановите за идниот развој на спортската инфраструктура низ Македонија. Тој ја изрази својата благодарност кон тимот со кој соработува, нагласувајќи дека заедно работат на создавање подобри услови за младите генерации и за развој на спортскиот дух во државата.

„По цели десет години, конечно ќе го завршиме изградбата на базенот во Охрид. Ова е доказ дека се грижиме за цела Македонија, а не само за Скопје“, истакна Ристовски.

Министерот информираше дека реконструкцијата на спортската сала „Расадник“ е во напредна фаза и дека објектот ќе биде ставен во функција најдоцна до ноември. Тој посочи дека салата во Радовиш е успешно завршена за рекордни 50 дена, иако првичниот рок за изведба бил шест месеци.

Реклама

Во однос на салата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), Ристовски нагласи дека по скоро една деценија стагнација, министерството презеде иницијатива за нејзина реконструкција. Проектната документација е веќе добиена, и се очекува во најкус можен рок да биде објавен повик за изведувач, со цел салата да биде ставена во употреба до почетокот на новата студентска година.

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува значителни средства во спортот, и тоа ќе продолжи и во иднина“, нагласи Ристовски. Тој најави дека со владините средства се реконструира салата на КК Работнички, а до крајот на годината ќе започне изградба на најмалку три нови спортски сали: една во Воената академија во Аеродром, една во Струмица и една специјализирана сала за боречки спортови во Бутел.

Дополнително, Ристовски се осврна и на иницијативата за укинување на рекламите за спортски обложувалници, казина и игри на среќа. Тој објасни дека оваа мерка има за цел да се заштитат младите од штетни влијанија и да се создаде здрава средина за идните генерации.

„Ја разбирам потребата за рекламирање на таквите услуги, но интересите на државата и иднината на нашите деца мора да бидат приоритет“, додаде Ристовски.