Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Ристески: Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите

Денеска во Владата беше одржан состанок заедно со премиерот Мицкоски, министерот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денеска во Владата беше одржан состанок заедно со премиерот Мицкоски, министерот за економија и труд Дурмиши, директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски и директорката на Комисијата за заштита на конкуренција, Малинка Силјановска Николиќ.

Дискутиравме за состојбата со цените во малопродажбата и обидите за злоупотреба на некои субјекти, како и за најавениот бојкот на граѓаните на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци, објави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

-Како Влада, остануваме целосно посветени на борбата против неправедните трговски практики и злоупотребите кои директно влијаат на животниот стандард. Имаме јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните, ова е неприфатливо и нема да биде толерирано!

Реклама

На денешната средба беа дадени насоки за итни реакции на сите служби на терен, каде ќе се проверува однесувањето на трговците и ќе се спречат какви било злоупотреби. За сите оние кои си поигруваат со законот и сакаат неправедно да се богатат на грбот на граѓаните, ќе има ригорозни казни.

Ќе се справиме со овој проблем и ќе направиме сè што е во наша моќ за да го заштитиме животниот стандард на сите наши граѓани! Во исто време, ќе продолжиме и со субвенционирање на најпогодените категории на граѓани за дополнително да ги минимизираме негативните ефекти од растот на цените“, нотира во објавата.

Ова се времиња на чесност, фер игра и солидарност! Заедно ќе изградиме систем кој ќе биде во корист на сите, наспроти интересите на неколкумина кои сакаат да се богатат на маката на граѓаните!, потенцира Ристески