Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Ристески: Со Оперативниот план за активни програми за вработување годинава ќе опфатиме повеќе од 16.000 лица, годинава фокусот е на младите лица

„Оперативен план за активните програми и мерки за вработување и услуги на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Оперативен план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година има голем број на нови мерки и активности со кои создаваме можност за нивно полесно вклучување на пазарот на труд, а годинава нашиот фокус е на давање на поголема поддршка за младите лица.

Покрај зголемениот опфат по обем, зголемена е и финансиската поддршка, каде за самовработување на млади лица до 29 години предвидуваме поддршка од 10.000 евра неповратни средства, додека во подмерката за поддршка преку здружување на корисници до две лица да основаат бизнис, висината на финансиска поддршка изнесува до 20.000 евра ако содружници кои се до 29 години. Во Оперативниот план младите се ставени во фокусот со цел да се спречи одливот на мозоци и работна сила, тие се иднината на државата и преку овие мерки ние даваме дополнителна можност и поддршка за нивен економски развој“, кажа заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески како одговор на поставено пратеничко прашање на денешната седница во Собранието.

Со мерките и активностите во Оперативниот план за 2025 година ќе бидат опфатени повеќе од 16.000 лица, додека финансиската конструкција е во висина од преку 2,5 милјарди денари, односно 40 милиони евра, што е за 7,5 милиони евра повеќе споредено со претходната година и е рекорден износ на поддршка.

Реклама

„Покрај самовработување, во Оперативниот план е предвидена поддршка и за компаниите за раст преку поддршка за вработување на невработени лица, а за вработување на невработени млади лица до 29 години предвиден е највисок износ на поддршка во износ до 250.000 денари. Во Оперативниот план за 2025 година предвидени се и мерки за поголем број на разни обуки на невработените лица (работа со компјутери, странски јазици, претприемништво…), обуки за специфични професии барани на пазарот на труд, волонтирање, ангажирање за вршење на јавни работи, младински додаток, како и Поддршка за креирање на нови работни места преку зелени инвестиции – додаде Ристески.