Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Ристевски: Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ исполнуваат, СДСМ манипулира, анкетите ја одразуваат реалната слика

Граѓаните конечно гледаат видливи резултати, а не само празни ветувања како во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните конечно гледаат видливи резултати, а не само празни ветувања како во минатото. Вака дел од политичките аналитичари ги коментираат резултатите од анкетите во кои премиерот и владејачката партија котираат на врвот. Тоа што голем процент од гласачкото тело на следни избори би гласале за ВМРО ДПМНЕ и тоа што премиерот има седум пати поголем рејтинг од Венко Филипче е одраз на работа и политики без отстапки со кои порано Македонија одеше во пропаст,  вели Ристевски.

 „Најмногу сето ова што се случува се должи на искреноста на конкретни чекори и не дозволување на оној магичен круг кажување едно правење друго, како во минатото. Го слуша ставот на народот за европските прашања“, вели Александар Ристевски, политички аналитичар

Саркастичните соопштенија на опозициската СДСМ и споредбата на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ и високата цени на пиперките, за Ристевски претставуваат очајни обиди да се креира вештачко незадоволство. Исто така според него се и небулозни бидејќи од памтивек во Македонија се знае дека цените се високи на одредени земјоделски култури кога не им е сезона.

Реклама

„Како политички субјект кои со сигурност доаѓа на дно и длабоко тоне, нема друг начин како да се факторизира во општеството освен со креирање на вештачко незадоволство, на нестабилност и дисфункционалност“, вели   Александар Ристевски“, политички аналитичар.

Анкетите на порталот мкд.мк и Маркет вижн покажаа дека и по речиси две години на власт, рејтингот на владејачката партија и премиерот останува стабилно висок и значително пред опозицијата. Според анкетата, 25,2 проценти од испитаниците изјавиле дека имаат најголема доверба во Мицкоски, што е убедливо највисок резултат меѓу лидерите – петпати повеќе од Али Ахмети и дури седумпати повеќе од Венко Филипче.

Рејтингот на Мицкоски е речиси изедначен со поддршката за ВМРО-ДПМНЕ, за која 24 проценти од граѓаните би гласале на избори.

На второ место е коалицијата „Вреди“ со 5,1 отсто, по што следуваат СДСМ со 4,9%, ДУИ со 4,8%, Левица со 3,1% и ЗНАМ со 2%.

Сепак, значителен дел од граѓаните се неопределени – 28,1% изјавиле дека нема да гласаат, а 9,7% се уште не знаат дали ќе излезат на избори.