Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Ристески: Го почитуваме правото на протест на синдикатите, и покрај утрешните протести организирани од ССМ, јас ќе бидам на работното место

Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на една од националните телевизии,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на една од националните телевизии, се осврна на актуелните случувања периодов околу минималната плата и зголемување на платите, за што истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ веќе склучи договор со синдикатите за зголемување на платите до 40% до 2028 година, а и потсети дека ова е историски најголемо зголемување во текот на еден мандат. Со оглед на тоа што ССМ најави блокади пред Собранието, Ристески истакна дека тој утре ќе биде присутен на своето работно место во Собранието, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Го почитуваме правото на протест  како на сите така и на синдикатите и на работниците. Наша обврска е да се јавиме на работното место и утре секако ќе бидам присутен на моето работно место“, вели Ристески.

Тој истакна дека приротитет на ВМРО-ДПМНЕ  како владејачко мнозинство е економски развој, повисоки плати и подобрување на животот на граѓаните.

Реклама

„Ја прифаќаме пораката, право е на синдикатите да протестираат. Наш приоритет како политичка партија, како Влада, како пратеници од владејачкото мнозинство, е економскиот развој и подобување на животот на граѓаните и секако повисоки плати што и тоа го докажавме на дело, не само на зборови. Тоа беше и  наше предизборно ветување и секаде онаму каде што се појавува Владата како работодавец, зголемени се платите, во здравството, во образованието, 10% повеќе во МВР, кај социјалните работници“, рече Ристески.

Ристески потсети и на договорот кој Владата веќе  го склучи со УПОЗ и САДУ за зголемување на платите до 40% до 2028 година.

„Ова е историски најголемо зголемување на платите во еден мандат“, посочи Ристески.