Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Резолуцијата поднесена од МД “Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции

Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, а усвоена од Федералната унија на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резолуцијата поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, а усвоена од Федералната унија на европските националности, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските.

-Со Резолуција, во име на нашето друштво и македонско национално малцинство во Република Албанија, ФУЕН ја повикува Република Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така, ја повикува Албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на Друштвото.

Очекуваме, додава тој,  албанските институции да преземат соодветни активности, а посебно внимание да посветат и меѓународните институции.

Реклама

Резолуцијата едногласно беше усвоена од Генералното собрание на ФУЕН, на 69. конгрес што се одржа од 23 до 26 октомври, во Болзано, Јужен Тирол, Италија. 

Според Ѓурѓај, кој беше дел од Конгресот, учествувале претставници од 105 организации-членки од 36 земји во Европа.

Македонското друштвото „Илинден“-Тирана е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.