Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Резолуцијата поднесена од Македонско друштво „Илинден“-Тирана, усвоена од ФУЕН, доставена до албанските и меѓународните институции

Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности (ФУЕН), а поднесена од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности (ФУЕН), а поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана, е доставена до сите албански и меѓународни институции, а за запознавање и до македонските институции.

Ова за Македонски весник „Илинден“ го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности, а посебно внимание да посветат и меѓународните институции.

– Со Резолуцијата, во име на Македонското друштво „Илинден“ и македонското национално малцинство во Република Албанија, меѓу другото, се бара од албанската Влада да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да преземе ефективни мерки за заштита на македонскиот идентитет од негирање и асимилација, Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата административно-територијална реформа, како и Општина Пустец да се преименува во Општина Преспа, рече Ѓурѓај.

Реклама

Резолуцијата едногласно беше усвоена на 70. Конгрес на ФУЕН, кој се одржа во Хелсинки, Финска, а на кој учествуваа претставници на 100 организации-членки од 38 европски земји.