Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

„Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“, меѓународна работилница во Скопје

„Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“, е насловена меѓународната работилница, што се одржува во Скопје, во организација на Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД – СИГМА.

– Оваа работилница претставува една од клучните цели на самата организација, на земјите кандидати и потенцијални кандидати во Европската Унија, што претставува начин на размена на знаења и искуства во делот на вршење ревизија на животната средина и посебно на целите за одржлив развој. На работилницата учествуваат претставници од повеќе држави, рече во изјава за медиумите, главниот државен ревизор Максим Ацевски.

Аластер Сварбрик, виш советник за политики во рамки на програмата СИГМА, што претставува заедничка иницијатива на Европската Унија и организацијата за економска соработка и развој, а главно финансирана од Европската Унија, изрази задоволство што имаат можност заедно со Државниот завод за ревизија да го организираат овој настан за еколошки ревизии, ревизии поврзани со целите за одржлив развој заедно со другите земји кандидати, потенцијални кандидати за Европската Унија. Тој појасни дека денеска се присутни девет врховни ревизорски институции од Западен Балкан и од источното соседство заедно со некои организации од Европската Унија

Реклама

– Еколошките прашања се насекаде, за сè што е одговорна Владата, тие ни покажуваат колку се отпорни нашите градови, колку ни е продуктивно земјоделството и колку добра е биолошката разновидност на морињата и на копното, исто така, ги гледаме и енергетските системи и какви се трошоците и обврските поврзани со еколошките прашања, рече Сварбрик.

Тој подвлече дека ова не се некои идни прашања, туку нè засегаат сега бидејќи се гледаат во штетите предизвикани од поплавите, во шоковите – ценовните шокови поврзани со енергетските пазари и со непредвидените обврски што често не се пријавени во сметките на владите.

– За таа цел, владите мора да преземат мерки во политиките со цел да се решат овие прашања, а врховните ревизорски институции ќе мора да ги разгледуваат сите прашања поврзани со климите, како што се стратегиите за адаптација, дали тие навистина функционираат во практика, дали со законодавството се решаваат овие проблеми и општо да ги земат климатските ризици поврзани во секоја област при нивните ревизии, истакна Сварбрик.

Патем додаде дека на оваа работилница ќе се разгледуваат добрите практики поврзани со еколошките ревизии, како и водичот од УНДП, изработен за таа цел и меѓународните стандарди поврзани со известувањето за одржливоста.

– На денешната работилница ќе имаме можност да размениме добри практики и искуства со цел земјите да можат да ги понесат кај себе и да ги применат за подобрување на нивните ревизорски практики и начинот на кој тие ги гледаат сметките, рече Сварбрик.

Запрашан, колку смета дека денешните заклучоци и она што ќе го достават на властите во регионот, ќе може да се исполни и да може да функционира, со оглед на глобалната ситуација, тој одговори, дека тоа е желбата, дека врховните ревизорски институции ќе имаат можност да станат поефективни и да им помогнат на своите земји да ја подобрат ситуацијата и во поглед на климатските прашања, еколошките прашања, што се релевантни за нивната земја.