Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Ревитализација на Самуиловата тврдина: нов живот за еден од симболите на Охрид

Започнува ревитализација на Самуиловата тврдина, која претставува значаен симбол на историјата, културата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започнува ревитализација на Самуиловата тврдина, која претставува значаен симбол на историјата, културата и идентитетот на Охрид. Исклучително посетена, тврдината до сега, освен преубава глетка кон градот, не нудеше никаква содржина. За почеток ќе се врати велелепната летна сцена каде некогаш во исклучителен амбиент се одвиваа драмски претстави, открива министерот за култура Љутков.

„Во завршна фаза е изработката на проектот за ревитализација на Самуиловата тврдина. Заштитата, промоцијата и презентацијата на Охрид и Охридската споменична целина, која се вбројува во редот на светското културно и природно наследство, претставува врвен приоритет на Министерството за култура и туризам“, вели Зоран Љутков, министер за култура.

Самуиловата тврдина ќе биде една од сцените која ќе може слободно да ја користи и фестивалот „Охридско лето“. Тука пред две децении се одржувале театарски претстави. Намерата е да се истражи целиот простор и да се заживее со нови содржини. Планирани се мини-музеј, сувенирница, билетарница, кафетерија и други содржини, вели директорот на охридскиот Завод и музеј.

Реклама

„Ќе ставиме акцент на заживување на овој простор со летната сцена, партерното уредување, патеки на движење, опис на локалитетите кои се наоѓаат тука, санитарниот јазол, илуминацијата, озвучување и така натаму. Паралелно ќе одат и обемни археолошки истражувања во северниот дел од тврдината“, вели Горан Патчев, директор на Завод и музеј.

Во меѓувреме ќе продолжат и истражувањата на Самуиловата тврдина, бидејќи досега е откриено околу половина од она што таа го крие. Инаку, годинава Завод и музеј од Министерството доби еден од најголемите буџети досега – над 13,5 милиони денари. За заштита на културното богатство се предвидени околу 11 милиони денари, а ќе се реализираат и 30 други проекти од областа на музејската дејност.