Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Репрезентативци на Македонија во бокс на подготовки во Куманово

Репрезентативците на Македонија во бокс, тренираат во кумановската спортска сала, соопштија денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Репрезентативците на Македонија во бокс, тренираат во кумановската спортска сала, соопштија денеска од општина Куманово. Градоначалникот Максим Димитриевски ја посети спортската сала во Куманово каде се спроедуваат подготовки на репрезентативците на Македонија во спортската дисциплина бокс, за претстојниот Montenegro cup. Купот ќе се одржи во Будва, Црна Гора од 15 до 20 март 2026 година, а големото финале е на 21 март.

-Репрезентативците кои доаѓаат од Битола, се на седумдневен престој во Куманово, усовршувајќи ги своите борбени вештини и техники, со помош на тренерите Самет Салиевски и Мухамед Алија. Задоволството да тренираат во реновираната спортска сала им припадна на браќата Рустемови, од кои Ален Рустемов е прогласен за најдобар спортист во Македонија за 2025 година- наведуваат од општината.

Димитриевски им посака успех на првенството, ветувајќи дека Општина Куманово ќе продолжи да инвестира во обезбедување и подобрување на условите за квалитетни тренинзи и турнири, кои ќе донесат медали и признанија на Куманово.