Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Реновирани ученичките тоалети во ООУ „Ѓорче Петров“

Во ООУ „Ѓорче Петров“ во Општина Ѓорче Петров завршена е целосна реконструкција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ООУ „Ѓорче Петров“ во Општина Ѓорче Петров завршена е целосна реконструкција и реновирање на ученичките тоалети, со што значително се подобрени хигиенските и функционалните услови во училиштето.

Како што соопшти Општината, реконструкцијата опфати нов и функционален распоред, приспособен на потребите на сите ученици, вклучително и на учениците со попречености.

-Зафатот опфати еден тоалет за лица со попречености, едно трокадеро, четири женски кабини (две стандардни и две прилагодени за помали деца), три машки кабини (две стандардни и една приспособена за помали деца), четири писоари (два на стандардна висина и два пониски за помали деца) и по три мијалници во машкиот и женскиот тоалет, како и во тоалетот за лица со попречености. Со оваа инвестиција се создадени подобри, побезбедни и похигиенски услови за учениците, како и современ санитарен простор што одговара на нивните реални потреби, соопшти Општина Ѓорче Петров. 

Реклама

Општината наведува дека и натаму ќе продолжи со активности за подобрување на условите за настава и престој во училиштето, нагласувајќи дека вложувањето во училишната инфраструктура е вложување во здравјето и безбедноста на учениците.