Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Реновирана конференциска сала во ПС Бит-пазар – зајакнување на полициските капацитети преку соработка со ОБСЕ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, денеска официјално ја пуштија во употреба целосно реновираната конференциска сала во полициската станица Бит-пазар.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, реконструкцијата е реализирана како заедничка иницијатива помеѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. ОБСЕ обезбеди опрема и материјали, а Министерството ги спроведе градежните активности.

Министерот Тошковски истакна дека вложувањето во инфраструктурата на полицијата е директно вложување во нејзината ефикасност и професионалност.

Реклама

– Со оваа инвестиција создаваме подобри услови за работа, обука и координација на полициските службеници. Кога институциите располагаат со современи и функционални капацитети, тие може поефикасно да одговорат на потребите на граѓаните. Ова е уште еден пример како преку партнерство и заедничка посветеност се зајакнуваат институционалните капацитети – посочи Тошковски.

Амбасадорот Вал нагласи дека оваа иницијатива е резултат на успешна и практична соработка меѓу двете институции.

– Оваа реконструкција е јасен пример за тоа што може да се постигне кога институциите работат заедно со заедничка цел. Со подобрување на условите за работа се создава простор за професионален развој, обуки и унапредување на соработката, што директно придонесува за посилни и поефикасни институции – потенцира амбасадорот Вал.

Реновираната конференциска сала ќе се користи за обуки, координациски состаноци и други службени активности, со што ќе придонесе за зајакнување на оперативните капацитети на полициската станица и подобрување на секојдневното функционирање.

Проектот претставува конкретен пример за успешна соработка и заедничка заложба за континуирано унапредување на условите за работа и професионалните стандарди во Министерството за внатрешни работи.