Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Рекордна фреквенција на ГП „Блато“ и „Џепиште“, кај Дебар, лани минале над 885.000 патници

На двата гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На двата гранични премина „Блато“ и „Џепиште-Требиште“ на македонско – албанската граница кај Дебар, според статистиката на македонското министерство за внатрешни работи, регистрирана е рекордна фреквенција на патници или вкупно 885.425, што е за 122.341 патници повеќе, споредено со претходната година.

-Гледано одделено, на граничниот премин „Блато“ на влез и излез се 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година на овој премин бројот е поголем за 120.086 патници. На граничниот премин „Џепиште-Требиште“ минале 51.080 патници, од нив странски 48.116 и 2.964 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 12.255 патници, потврдуваат од министерството.

Зголемената фреквенција на ГП „Блато“, се должи, меѓу другото на подобрената патна инфраструктура. Тука, посебно со пуштањето во употреба на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), со кој оддалеченоста, од преминот, до Тирана, сега изнесува 80 километри, што е намалување на оддалеченоста за стотина километри, како и реконсрукцијата на патниот правец Маврови Анови-Жировница а претходно и делницата Живорница-Дебар.

Реклама

Македонските државјани во Албанија преку преминот „Блато“, кој е на оддалеченот од четири километри од Дебар, минуваат, главно поради користење на летните одмори на албанското крајбрежје, користење на аеродромот во Тирана, за посета или на домашни веселби кај свои роднини и пријатели.

Албанските државјани двата премина ги користат главно за шопинг во Дебар, каде набавуваат прехранбени артикли, облека, обувки, гориво, лекови, за добивање одредена здравствена услуга, како и за посета на туристички места. И тие поради роднинска поврзаност со дебрани, доаѓаат во посета на роднини или на домашни веселби кај нив.

Граничниот премин кај Џепиште е од локален карактер, па во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот. Право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, на двете држави, па странските државјани се сите жители од областа Голо Брдо.