Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

РЕК Битола работи со зголемен капацитет

АД ЕСМ ја информира јавноста дека ТЕ Битола 2 е успешно синхронизиран…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

АД ЕСМ ја информира јавноста дека ТЕ Битола 2 е успешно синхронизиран со електроенергетскиот систем вчера во 18:24 часот. Термоблокот веќе испорачува електрична енергија според потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Ова брзо оспособување на Блокот е резултат на натчовечкиот напор и посветеност на вработените во комбинатот, кои работеа неуморно за да го вратат во функција во најкус можен рок.

АД ЕСМ упатува јавна благодарност до сите кои учествуваа со свој стручен придонес во санацијата на опожарената опрема и воспоставување на обновен систем за електронско управување.

Реклама

Поради очекуваниот зголемен конзум за време на најавениот топлотен бран, денеска во попладневните часови ќе започнат активности за привремено ставање во функција и на Термоблокот Битола 3, а гасење на ТЕ Осломеј. Се очекува Битола 3 да биде синхронизиран на мрежа кон крајот на денот, со што во деновите на зголемена потрошувачка РЕК Битола ќе работи со две третини од својот инсталиран капацитет.

Ова значително ќе придонесе кон понатамошно зачувување на хидропотенцијалот во услови на зголемен и целосно покриен конзум.

И покрај непланираниот застој на производството на ТЕ Битола 2 поради причини кои се предмет на истрага кај соодветните институции, АД ЕСМ презеде брзи мерки. Во изминатите денови беше зголемено производството од хидроелектраните, а со оптимизација на потенцијалите, резервите на вода за производство на електрична енергија и натаму се задржани на ниво од 50 отсто.

АД ЕСМ продолжува внимателно да ја следи состојбата со топлотниот бран, соодветно реагирајќи со балансирано производство во согласност со потребите на системот.