Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Регионалната занаетчиска комора Куманово најави саем за поддршка на женското претприемништво

Регионалната занаетчиска комора во Куманово продолжува со засилена динамика на активности насочени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионалната занаетчиска комора во Куманово продолжува со засилена динамика на активности насочени кон поддршка на локалната економија, женското претприемништво и зачувувањето на традиционалните занаети. Претседателот на Комората, Агрон Фазлији, во денешната изјава за медиумите, ги повика заинтересираните да се пријават за претстојниот саем кој се организира со поддршка на општината, советот и градоначалникот на Куманово, со цел се даде поддршка на жените претприемачи. Саемот ќе се одржи од 5 до 10 март.

-Штандовите повторно ќе се доделат бесплатно, со поддршка на Советот на градот и на градоначалникот. Целта на настанот е поддршка на локалната економија, поддршка на жената и поддршка на сите тие ракотворци кои немаат можност да отворат сопствена дејност, за да можат да направат некаков бизнис и да бидат видливи. Целта е да ги поттикнеме да отворат нови бизниси во нашата општина. Нашите занаетчии и производи ја претставуваат културата, традицијата и суштината на Куманово – изјави Фазлији.

Сите што пројавуваат интерес можат да се обратат со Регионалната занаетчиска комора. Јавниот повик е објавен и се уште трае, засега има неколку барања и по електронски пат и директно во Комората, по што ќе биде формирана комисија која ќе одлучува за распределбата на штандовите.

Реклама

– Комората нема да престане со активности. Веднаш потоа следуваат субвенции за старите занаети, а планираме и саем за малото стопанство. Верувам дека до крајот на годината ќе имаме уште промоции и настани – посочи претседателот.

Особено внимание, според него, треба да се посвети на летниот период, кога во Куманово се враќаат иселениците.

– Воодушевени сме од тоа што во лето доаѓаат нашинците од странство. Во преговори сме со Општината и со градоначалникот да најдеме решение како да се организираат пообемни активности во тој период, но останува проблемот со недела како неработен ден – рече Фазлији.

Тој смета дека законските ограничувања влијаат врз развојот на одредени дејности. Фазлији повторно го отвори прашањето за можноста одредени занаетчиски дејности да работат во недела, особено во специфични периоди.

– Како комора, и на национално и на регионално ниво, бараме цвеќарниците да работат во недела. Не само тие, туку и фризерите и козметичарите, затоа што се поврзани со настани, свадби и други семејни прослави. Мора да потенцирам дека ова е чувствителна дејност, цвеќе се купува и за свадби, но и за погреби. Потребно и нужно е да се разгледа можноста за измена на законот – нагласи Фазлији.

Тој информираше дека дел од цвеќарниците веќе се обратиле до надлежните институции, но засега без позитивен одговор.

Со ваквите иницијативи, Комората настојува да изгради поодржлив локален економски амбиент, во кој занаетчиството ќе биде препознаено не само како традиција, туку и како реална можност за економски развој.