Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Регионалната мрежа „Соседите помагаат први“ – платформа за соработка и за размена на добри практики за одговор при катастрофи

Во организација на Црвениот крст денеска се одржува редовна средба на мрежата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Црвениот крст денеска се одржува редовна средба на мрежата „Соседите помагаат први“. Се работи за платформа која овие национални друштва во земјите од Југоисточна Европа ја создадоа пред пет-шест години, а е можност за соработка и за размена на добри практики за подобри подготовки за сите нас кои сме членки на мрежата за следните одговори на катастрофите кои би се случувале, изјави денеска генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити пред промоцијата на мрежата „Соседите помагаат први“ и Интервентната единица за одговор при катастрофи на Црвениот крст. 

Според Саити, ова е добра можност за да се направат подготовките за следниот период имајќи го предвид она што се случува во регионот и во светот и, како што рече, наша амбиција е да го прилагодиме нашиот одговор и нашите подготовки и се што е потребно. 

– Во рамки на настанот ја промовираме и нашата интервента единица како нов сегмент во програмата  за катастрофи. Единица која во наредниот период во името на Црвениот крст и како дел од единствениот национален систем за одговор при катастрофи ќе бидеме во ситуација да понудиме еден квалитетен и ефикасен сегмент во рамки на  државата во идните справувања со кризни ситуации, односно со катастрофи предизвикани од природата или човекот, рече генералниот секретар на Црвениот крст Саити.

Реклама

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој се обрати на промоцијата на регионалната платформа за соработка помеѓу националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина за земјите од регионот, истакна дека само со меѓусебна соработка и поддршка можеме да придонесеме за сигурен, стабилен и безбедносен регион и во остварување на заедничките цели – раст и развој на државите. 

– Кризните состојби и природните катастрофи се почесто ги надминуваат националните граници и имаат регионални последици затоа повеќе од потребни ни се меѓусебна регионална координација, партнерство и заеднички одговор, рече Мисајловски.

Мисајловски изрази благодарност до сите земји кои во изминатите повеќе од 30 години не се двоумеле да ни помогнат кога ни било потребно. Многу од нив, како што рече, помогнаа со човечки ресурси и опрема и дополнително придонесоа во градење на нашите капацитети.

– Секоја соработка со соседите и со останатите земји партнери и сојузници е особено важна за континиуирано унапредување на механизмите за превенција, рано предупредување и справување со кризи. Сите овие изминати години Министерството за одбрана, Армијата, Црвениот крст, државните институции и општините преку редовна координација, заеднички обуки, едукација, практични вежби и хуманитарни акции остваруваат континуирана и стратешка соработка со една единствена цел – навремена заштита и безбедност на сите граѓани, рече министерот за одбрана.

Тој истакна дека е особено горд на претставниците на Министерството за одбрана, Армијата и на сите оние кои даваат свој личен придонес во зачувување на безбедноста и мирот на нашата татковина.

Извршниот претседател на хрватскиот Црвен крст Роберт Маркт му честиташе на Црвениот крст на Македонија за сите постигнувања, за се она што го прави во државата и за преземањето на претседавањето на Секретаријатот за водење на регионалната мрежа „Соседите помагаат први“. 

-Ние имаме фантастична соработка и горди сме што имаме такви партнери. Хрватскиот Црвен крст развива проекти и програми, кои покрај мрежата ги дели со своите колеги и со македонскиот Црвен крст и сметаме дека тоа е добар модел за размена на искуства. Имаме слични закони и на многу едноставен начин можеме едни на други да си укажуваме на најдобра пракса, вели Маркт. 

На промоцијата присуствуваа претставници од регионот, од академската заедница и од Армијата.