Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Регионална работилница за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан

Регионална работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионална работилница „Јакнење на соработката меѓу медиумите, експертите и институциите за подобри политики за контрола на тутунот и заштита на јавното здравје во Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на „Аналитика Тинк Тенк“.

-Настанот ќе собере претставници од медиумите, истражувачите, институциите и меѓународните организации со цел да се поттикне посилна соработка и да се истакне важноста на мерките за контрола на тутунот засновани на докази, во согласност со приоритетите за интеграција во ЕУ, соопшти  Аналитика тинк тенк – организатор на настанот со поддршка од Johns Hopkins University и Bloomberg Philanthropies.

На работилницата ќе се обратат Бојана Мијовиќ-Христовска, извршна директорка на Аналитика тинк тенк, министерката за образование и наука Весна Јаневска, Марија Андоновска – директорка на Институтот за јавно здравје и Џефри Дроп од Универзитетот „Џонс Хопкинс“.