Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Регионална конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“

Министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, креатори на политики, претставници на индустријата,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министри, раководства на универзитети, академици, истражувачи, креатори на политики, претставници на индустријата, работодавачи, експерти и студенти ќе бидат дел од Регионалната конференција „Мостови кон иднината: Интернационализација на високото образование на Западен Балкан и Југоисточна Европа“, што ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

Министерството за образование и наука, како покровител на настанот, информира дека конференцијата е коорганизирана од Регионалниот совет за соработка (RCC) и Светска банка и претставува дијалог на високо ниво.

-Конференцијата е конципирана како платформа за поврзување на луѓе, идеи и институции кои ќе придонесат за обликување на следната фаза од реформата на високото образование во регионот. Учесниците ќе дискутираат за конкурентноста на универзитетите и нивната усогласеност со европските и глобалните стандарди, иновациите и дигиталните вештини, посебно во STEM областите, политиките за мобилност и создавањето услови младите да учат, истражуваат и работат во различни земји, а стекнатото знаење да се враќа назад во регионот, како и за јакнење на соработката насочена кон споделување најдобри практики и искуства, стои во соопштението на МОН.

Реклама

И покрај историските и институционалните разлики, шесте држави од Западен Балкан, како што дополнуваат, делат заеднички предизвици, вредности и стремежи.

-Низ дијалози и размена на идеи, регионот сака да покаже дека не е само пасивен учесник во европските процеси, туку и рамноправен партнер кој со знаења, таленти и иновации може да ја збогати Европа – нагласуваат од МОН.