Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка отворен во Кочани

Во Кочани денеска официјално почна со работа Регионалниот центар за ментално здравје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Кочани денеска официјално почна со работа Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална подршка, кој е замислен да претставува додадена вредност во зајакнувањето на услугите за ментално здравје и подобра превенција, третман и поддршка за граѓаните.

На свеченоста присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити. Во официјалниот дел од промовирањето на оваа установа, чија основна цел е да овозможи лесно достапна психолошка и социјална помош, особено за ранливите категории, присуствуваше и кочанскиот градоначалник, Владко Грозданов.

– Во оваа фаза приоритет на Министерството за здравство е менталното здравје. Затоа, заедно со Институтот за јавно здравје веќе креираме програма, која ќе биде јасно дефинирана и ќе направиме напори и активности секој граѓанин да има има пристап до ваква установа, која ќе се грижи не само за физичкото, туку и за менталното здравје. Денеска сум тука, во Кочани и задоволен сум од она што го видов и од програмата што ќе биде активна за овој регион. Затоа му благодарам на Црвениот крст, на сите хумани луѓе кои заедно со стручните лица ќе работат овде и ќе пружат здравствени услуги поврзани со менталното здравје и психо-социјалните моменти кај граѓаните, рече Алиу непосредно пред отворањето на Регионалниот центар за ментално здравје во Кочани.

Реклама

Генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саити истакна дека пред граѓаните на Кочани веќе има содржина која е солидно опремена и подготвена да се стави во функција на грижа за луѓето.

– Тоа што го правиме 80 години, го правиме и сега. Тоа што го правиме во случај на катастрофи, истото се обидуваме да го направиме и во мирнодопски услови. Ова е еден таков пример кога Црвениот крст се обидува да помогне во услови на недостиг од одреден сегменти на услуги во општеството, да бидеме дел од напорите на државата за што поголема грижа за луѓето, нагласи Саити.

Тој им се заблагодари на сите донатори, соработници и партнери во рамките на движењето на Црвениот крст кај нас и во соседните држави, кои учествуваат во создавањето на оваа содржина.

– Соседите секогаш први помагаат и во овој случај соседите ни излегоа во пресрет и сфатија дека на овој град му е потребна таква подршка, рече Саити.

Посочи дека Регионалниот центар за ментално здравје, подржан од Црвениот крст, засега е димензиониран да биде во ваква функција три години и додаде дека верува оти вакви центри многу брзо ќе бидат подржани од здравствениот систем на државата.

Според Владко Грозданов, градоначалник на Општина Кочани, отворањето на еден ваков Центар за ментално здравје е доказ дека општествено созреваме и ги градиме правилните вредности.

– Осум месеци живееме со последиците од трагедијата која го погоди нашиот град. Тоа се рани кои не секогаш се видливи, но се болни. Затоа, овој Центар е повеќе од простор, тој е симбол на заздравување на нашите рани, истакна Грозданов.

Тој упати благодарност до Црвениот крст, како организација која со години ја докажува својата хуманост, посветеност и професионалност.

– Од првиот ден по трагедијата сте со нас, искрено ви благодарам!, рече Грозданов.