Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Реформската агенда: Македонија повторно цели кон лидерската позиција

Македонија има спроведено речиси се од реформаската агенда. Повеќето од законите се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има спроведено речиси се од реформаската агенда. Повеќето од законите се во собраниската процедура или веќе се имплементирани, а наскоро ќе има конечно решение и за Изборниот законик. Претседателот на Владата очекува Македонија повторно да се најде на првата позиција по спроведени рефори, по оценувањето кое кое ќе го направи Европската Комисија.

Како дел од реформската агенда ќе биде донесена и владина одлука за работењето на државните електрани. Како што најави премиерот, таа е поврзана со еден максималниот процент на количина на електрична енергија што треба да биде доставена до универзалниот снабдувач. 

  • „Сите оние законски решенија коишто се дел од Реформската агенда се или во Парламентот како резултат на тоа што ние како Влада ги доставивме, или е како група на пратеници амандмански интервенирано. ​Останува уште Изборниот законик. Информиран сум дека се ближиме до конечно решение, така што, јас колку што знам на 26-ти е закажана собраниска седница. Ќе има ден, два, три за фино нивелирање. Рокот е 30 јуни, но сега секогаш искуството вели може и до 15-ти јули. Нормално некои документи да се достават, да се дополнат, да се одземат и така натаму, но еве ајде да речеме 30 јуни. Ние очекуваме повторно да ја потврдиме позицијата дека сме први, како што тоа беше во декември, но ајде да почекаме да видиме каков ќе биде Извештајот од страна на Европската комисија“, изјави Мицкоски. 

За Избониот законик бил постигнат напредок за клучните прашања во работната група Од Правда соопштија дека дел од главните барања биле усогласени со консензус, додека за други имало интензивна и конструктивна дебата. Следната седница е закажана за во четврок, но подолг период СДСМ не учствува. Иако најавуваа дека нема да ги кочат реформските закони, сепак не учествуваат во дебатата за новото законско решение.

Реклама

Во моментов во собраниска процедура се законите за судска и обвинителска служба, а претходно десетина закони во правосудството претрпеа промени за усогласување со европската регулатива. Власта најави дека со посебен акцент ќе се работи на суштински промени во судството и обвинителството.

Во исто време, за две години имало двојно повеќе јавни расправи при носење на закони од реформската агенда за разлика од претходните четири. Владејачкото мнозинство тврди дека сите закони се носат објективно, за разлика од претходно.