Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на ставови на Венко Филипче

На средбите со граѓаните Филипче да им каже како ја стекнал златната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На средбите со граѓаните Филипче да им каже како ја стекнал златната виза за Дубаи и дали тој стои зад случајот Онкологија тежок 35 милиони евра. Кога Филипче одржува маалски средби, добро е да ги погледне граѓаните во очи и да им каже, како за седум години власт СДСМ ја остави државата на раб на банкрот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на Филипче.

„Како за седум години СДСМ систематски ја ограбуваше и уништуваше државата и безмилосно го осиромашуваше народот.

Седум години СДСМ ја задолжуваше државата, а со парите не се реализираа капитални и инфраструктурни проекти кои би ја вратиле инвестицијата, би ја развиле економијата и би го подобриле животот на граѓаните.

Реклама

Парите со кои СДСМ ја задолжуваше државата завршуваа во приватни џебови на партиската елита на СДС, која сега инвестира во милионски бизниси во странство.

Филипче, исто така, гледајќи граѓаните во очи, може да им одговори дали со украдените од граѓаните пари се стекнал со златна виза за Дубаи?

Нека им одговори дали тој стои зад последниот судски случај за Онкологија, за проневера на 2,2 милијарди денари или 35 милиони евра, каде на болните од рак наместо лек им се давало физиолошки раствор, а онколошката терапија се продаваа на црниот пазар во Косово.

Што се однесува за договорот со Обединетото Кралство, тоа претставува стратешко партнерство кој ќе овозможи инвестициски циклус во Македонија.

Со рамка од 6 милијарди евра ќе се инвестира во изградба на брза пруга за патнички и товарен сообраќај, што е инвестиција која ќе ги поврати вложените средства и која значително ќе раздвижи економијата“, потенцираат во реакцитата.

И додаваат дека ќе се подобруваат состојбите во здравството и образованието со изградба и реконструкција на болници, медицински факултет и студентски дом.

Исто така, се разгледува и можноста, преку ова партнерство да се изградат и хидроелектраните Чебрен и Галиште, кои ќе го стабилизираат производството на електрична енергија и ќе придонесат за зачувување на животната средина и намалување на загадувањето, нотираат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.