Им го честитаме резултатот на СДСM, им посакуваме уште многу вакви резултати во иднина со Филипче на чело, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, насловено како реакција на прес-конференција.
Поддршката која СДСM ја доби од граѓаните на Брвеница е од досега невидени размери. Се согласуваме. На 4-то место се.
На какво дереџе дојде СДСM со Венко Филипче да се радуваат и на 4-то место, каде што од својот опонент ВМРО-ДПМНЕ губат со 4 спрема 1.
Но, сепак ние им честитаме за резултатот на СДСM, и им посакуваме уште многу вакви победи во иднина, секако со Филипче на чело.

