Реклама

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Македонија

Разрешување на обвинител, интерпелација за Судскиот совет: Мицкоски бара конечно да профункционира првната држава

Предлог за разрешување на јавниот обвинител, интерпелација за пет членови на судскиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Предлог за разрешување на јавниот обвинител, интерпелација за пет членови на судскиот совет, притисок врз Уставниот суд од страна на опозициската ДУИ, аларм од САД судиите да одолеат на политичките влијанија – турбулентно во судско обвинителскиот систем. Периодов во фокус е судбината на судството со акцентирање на потребата од подобрување на неговата независност и ослободување од политичките стеги. Во контекст на сите овие случувања, власта настојува да ги започне реформите во судството, обидувајќи се да го подобри неговото функционирање и да ја зајакне довербата на граѓаните.

Паралелно со постапката за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, тече и процесот за гласање доверба на членовите на судскиот совет кои се избрани од Собранието. Седницата е закажана за во вторник, а премиерот Мицкоски не сака да влијае на одлуката што треба да ја донесат пратениците.

Во исто време со интерпелацијата, судски совет има закажано седница. Судскиот совет си има своја, Парламентот своја одлука. Не би сакал да коментирам, дали е тоа почитување или не, нека покаже времето, што ќе одлучат. Што се однесува до Коцевски: Тој ди има право на мислење, ова е демократска земја. Околу неговата работа ќе имаат што да кажат пратениците да видиме дали ќе се оспорува или демантира мислењето на Коцевски. Јас можам да кажам дека не се согласувам, но не се прашувам јас, туку пратениците, рече премиерот Мицкоски.

Реклама

Министерот за правда Игор Филков претходно го стокми предлогот за разрешување со кое го терети Коцевски за пристрасност и судир на интереси, нарушени меѓучовечки односи во обвинителството, но и корупција. Јавниот обвинител пак смета дека немало ниту еден основ за тешка дисциплинска повреда која може да доведе до негово разрешување.

И додека се очекуваат промени во Јавното обвинителство и Судскиот совет, Уставниот суд е на удар од ДУИ и нејзиниот обид да се меша во одлуките на судиите по прашањето за Законот за јазици. Мицкоски, не е изненаден од ваквата реторика на ДУИ бидејќи како што вели, во минатото биле навикнати да им наложуваат на одредени судии, каква одлука на донесат.

Пораката од САД е дека е недозволиво мешање во судската власт, што за ДУИ е непозната работа. Тие се навикнати, обвинители, судии сите здружно во рамките на партиските седишта да ги креираат политиките на поединци во судската фела и точно знаеме кои се тие поединци кои добивале наредби од Бихаќка или Речица, и ова покажува дека правдата не била подеднакво иста за сите, и знаеме ете зошто граѓаните ја напуштале Македонија. Можам да кажам дека, ниту имаме намера да се мешаме во избори или одлуки и мислам дека тоа треба да биде порака до сите, рече премиерот Мицкоски.

Инаку, амбасадорката на САД Агелер се сретна со првиот човек на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Таа порача дека судиите мора да работат независно и непристрасно и ја изразила поддршката на САД за враќање на довербата во правната држава преку транспарентни постапки и одлучување исклучиво во согласност со Уставот и законите.

.