Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Разоткриена шумска мафија во источна Македонија – паднаа полициски началник, полицајци, директор и газди на фирми

Со пари под рака, организирано нелегално сечеле шуми и краделе дрва. Голема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со пари под рака, организирано нелегално сечеле шуми и краделе дрва. Голема акција на полицијата во источна Македонија разби организирана криминална група која со годинини ја уништувала животната средина со сеча на квалитетна шума во подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево. Според првичните информации осомничените со злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп направиле тешки кривични дела против животната средина.

  • МВР во текот на денешниот ден, под раководство на ОЈО ГОКК, на неколку локации низ државата спроведува акција за сузбивање на криминална група инволвирана во извршување на крицични дела „пустшење шуми”, „злоупотреба на службена положба и овластување”, „примање поткуп“ и „давање поткуп”“ се првичните информации од МВР.

Според неофицијално инфромации веќе има приведени лица кои првично се сомничат за нелегалната сеча. Мешу нив и директор на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и началник во полицијата како и повеќе полициски службени лица, шумски полицајци, вработен во подрачната единица на министерство за земјоделие како и сопственици на правни субјекти. Сите се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.

Според засега непотврдени информации, групата функционирала како злосторничко здружение за личен профит на сметка на државата и природните ресурси.

Реклама

Надлежните пак, со вакви акции испраќаат јасна порака за корупцијата –  уништувањето на природата и злоупотребата на функциите нема да бидат толерирани, без оглед на тоа кој стои зад нив.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција најави детали од акцијата за во текот на денот.