Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Разгледување на супервештачење го одложи судењето за Илијевска во Основниот суд Куманово

На барање на одбраната за да го разгледа пристигнатото супервештачење од Клиниката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На барање на одбраната за да го разгледа пристигнатото супервештачење од Клиниката за психијатрија за Вангелица Илијевска, Судот денеска донесе решение да се одложи рочиштето за случајот со обвинетата која пред две години ги уби сопругот и свекорот во семејната куќа во Кратово.

Одбраната, адвокатот Кристијан Георгиевски кажа дека добил примерок од супервештачењето неколку дена пред расправата и поради како што нагласи „опширноста и насоките за стеснета свест како посебна состојба и силна раздразливост на обвинетата“, потребно е време да се извршат консултации околу терминологијата и правната квалификација и текот на постапката.

Супервештачењето го побара Обвинителството, а Судот го прифати со образложение дека дополнителното мислење ќе отстрани какви било евентуални недоречености и пропусти и можни различни правни квалификации од претходното вештачење подготвено на барањето на одбраната на Илијевска.

Реклама

Обвинителството бара Илијевска да се осуди по член 123 од Кривичниот законик, додека нејзината одбрана тврди дека таа, постапувала во нужна одбрана. На првото рочиште Илијевска, кажа дека дејствувала во нужна одбрана. Јавниот обвинител во воведниот говор кажа дека Илијевска по семејно насилство со нож ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. Обвинителството остана на обвинителниот акт и за продолжување на куќниот притвор на Вангелица. Одбраната на првото рочиште рече дека Илијевска била во брак повеќе од десет години и била жртва на долгогодишно семејно насилство, физичко и психолошко малтретирање од сите членови на семејството, најмногу од нејзиниот сопруг Јован.

Наредното рочиште е закажано за јуни, годинава.