Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Прилози

🎥 Распишани локалните избори

Распишани осмите по ред локални избори од независноста на државата, со што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Распишани осмите по ред локални избори од независноста на државата, со што почнаа да течат роковите за изборниот процес. Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, а вториот доколку не се избере градеоначалник во прв круг на 2 ноември. Собранискиот спикер порача дека изборите се суштината на демократијата и ги повика  сите политички сили, кандидати и соодветни структури да покажат висок степен на политичка култура. За време на кампањата собранието ќе продолжи со редовното административно функционирање, но нема да одржува пленарни седници.

Сакам да нагласам дека изборите не се прост технички процес, туку се суштината на нашата демократија. Тие претставуваат реална можност граѓаните да изберат водачи кои одразуваат одговорност, визија и посветеност кон јавниот интерес. Така, 19 октомври 2025 година претставува важен момент за зајакнување на демократијата, подобрување на благосостојбата на граѓаните и за градење на подобра иднина за сите.…. Упатувам јасен и искрен повик да се избегнува каква било форма на притисок, разделбен говор и секој обид за инструментализација на институциите и на јавните ресурси за партиски интереси.

Со веќе познатите имиња за градоначалничката трка се исцртуваат и контурите на тоа каква кампања не очекува која ќе стартува на 30-ти септември и и ќе трае 20 дена. ВМРО-ДПМНЕ ги објави своите канидати за поголемите градови и општини. На повеќето места ќе одат со веќе проверени кадри, односно актуелните градоначалници. Од СДСМ пак побавно ги објавуваат имињата, досега соопштија околу 30-тина ,а конечните листи ќе ги објавеле по одморите по 15-ти август.

Реклама

Најинтересната битка е секогаш во главниот град. На овие избори ќе се соочат  Орце Ѓеорѓиевски актуелен градоначалник на општина Кисела Вода и поранешната министерка за животна средина Каја Шукова. За „татко“ на градот ќе се натпреварува и Скендер Реџепи со „амин“ од Али Ахмети . Своја кандидатура за Град Скопје најавија и од „Вреди“ .  Што се однесува во таканаречениот албански блок најинтересна ќе биде битката во Чаир. Таму ќе се соочат актуелниот вицепремиер за животна средина Изет Меџити од ВРЕДИ, со кандидатот од интегративците, поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи.

И друг министер влегува во трката, а тоа е министерот за социјална политика Фатмир Лимани, кој ќе се обиде да го освои Кичево. Додека се во кампања, нивните функции ќе мируваат, односно со министерствата ќе раководат замениците, всушност така предвидува и законот. Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 година изнесува 9 милиони 760 илјади евра.