Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Економија

Рафуна и Азески разговараа за нормализирање на протокот на прехранбени производи на македонско-косовската граница

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Стопанската комора на Косово и претседател на Коморискиот ивестициски форум (КИФ), Лулзим Рафуна и претседателот на Стопанската комора и потпретседател на КИФ Бранко Азески денеска во Скопје разговараа за проблемите со подолгото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи.

На заедничката средба констатираа дека трговијата меѓу двете земји како докажани трговски партнери, мора да се одвива непрекинато. Побараа да се надминат проблемите преку забрзување на протокот на камионите и наместо на меѓуграничниот простор тие да се насочат согласно законската регулатива во магацините и таму да се чека исходот од лабораториските анализи.

Оценија дека треба да се примени принципот на проценка на ризик при спроведување на физичка контрола на граничниот премин, а не да се врши контрола на секоја пратка поединечно, како и да се иницира двете влади преку надлежните институции (Агенциите за храна и ветеринарство), да работат на усогласување на сертификатите и нивно заемно признавање зашто е потребно усогласување со европската регулатива.

Реклама

-Заеднички заклучок од состанокот на Рафуна и Азески, е дека мора да се применат конкретни активности во согласност со политиките на Европската Унија и меѓународните договори, затоа што само така и двете држави ќе покажат дека се сериозни во однос на патот кон кој се насочени, а тоа е членството во ЕУ, соопштија од Стопанската комора.

На состанокот, се вели во соопштението, двајцата претседатели на коморите разговараа и за протокот на стоки и услуги кои со изградба на автопатната инфраструктура на Косово добија на интензитет и побрза динамика, а со зголемената функционалност на граничните премини на двете страни се поттикнува зголемена ефективност.

-Останува да се заокружи уште патната инфраструктура на територијата на нашата држава, каде поради се уште активните градежни работи се создаваат долги колони возила што го забавува протокот, велат од Стопанската комора.