Македоснката Влада со брзата, правовремена и посветена акција по трагедијата во Кочани покажа пример за одговорност во регионот и во земјите на Европската Унија, пишува Националниот јавен срвис на Црна Гора, Радио телевизија Црна Гора.
Додека во некои земји во регионот, жртвите и нивните семејства со години чекаат правда, Македонија покажа дека институциите може да делуваат брзо и одлучно.
„По трагедијата во Кочани, каде што во пожар животот го загубија 59 лица, властите веднаш презедоа мерки – истрагата почна без одлагање, одговорните се уапсени, а помошта за жртвите и нивните семејства беше организира на највисоко ниво. Во регионот, често сме сведоци на долготрајни процеси, каде што институциите со месеци, па некаде и со години, не носат конкретни одлуки. Во Македонија, правдата не се одлага – веднаш се утврдува одговорноста, а институциите покажуваат целосна посветеност во транспарентноста и законитоста. Посебно внимание заслужува брзината на спасувачките тимови, медицинските екипи кои на местото на несреќата стигнале во рекордно брзо време, а државните болници обезбедиле хитна и најквалитетна нега за повредените“, пишува РТЦГ.

Како што се додава, додека во некои други земји јавноста се фрустрира поради тромавоста на институциите, Македонија покажа како треба да функионира одговорен систем – со брза реакција, јасен став дека нема да се толерира неодговорност и спремност веднаш да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.
Во пожарот во кочани, утрото, на 16 март загинаа 59 лица, главно на возраст меѓу 14 и 25 години, а повредени се 155.
