Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Работната група за реформи во изборното законодавство ги разгледува препораките на ОБСЕ/ОДИХР  

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа четвртата седница,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа четвртата седница, на која продолжи разгледување на препораките за унапредување на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и обврските предвидени во Реформската агенда, соопшти Министерството за правда.

Во однос на учеството на СДСМ, од Министерството посочуваат дека сѐ уште не е доставено официјално писмено известување за нивно повлекување од процесот. Во таа насока, било изразено очекување дека партијата ќе ја преиспита својата позиција и ќе продолжи да учествува во работата на групата, со цел реформите во изборното законодавство да се носат низ широк политички и институционален дијалог, во интерес на демократските процеси и довербата во изборниот систем.  

На седницата биле разгледани препораките што беа усогласени и прифатени со консензус од присутните членови на Работната група. На членовите ќе им биде доставен и конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори од 2025 година, кој содржи препораки за дополнително унапредување на изборната регулатива и практиките во спроведувањето на изборите.

Реклама

Од Министерството посочуваат дека значителен дел од препораките се повторуваат од претходните изборни циклуси, што ја потврдува потребата од нивно системско имплементирање.  

Министерот за правда Игор Филков информирал и за остварените средби со ДИК, АВМУ, ДКСК, претставници на граѓанскиот сектор, Државниот завод за ревизија и ОБСЕ/ОДИХР, од каде биле доставени дополнителни мислења и препораки што ќе бидат предмет на разгледување на следните седници.

-Процесот ќе продолжи да се води инклузивно и низ дијалог меѓу политичките партии, институциите и засегнатите страни, со цел обезбедување законски решенија усогласени со меѓународните демократски стандарди, велат од Министерството за правда.