Реклама

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија е лидер во инклузија на ромската заедница но сепак има уште многу работа

Насилните протести се шират како пожар низ Европа – Македонија засега останува „оаза на мирот“

Продолжува судење против Груби, Обвинителството се обидува да го одржи обвинението на нозе

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Македонија

Работна средба во Куманово за отстранување на хаварисани возила од јавни површини

Продолжува акцијата за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува акцијата за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавните површини во Општина Куманово, информираа од општина Куманово.

По донесената одлука на Советот на општина Куманово за комунален ред, денеска претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска, иницираше работна средба, за отстранување на хаварисани и отпадни возила од јавни површини.

На средбата присуствуваа претставници од општина Куманово, од СВР Куманово, од Сектор за инспекциски надзор – инспекторат, комунални дејности и координаторите на советничките групи на Советот на Општина Куманово.

Реклама

– Присутните констатираа дека постапката е сложен процес, но се преземаат конкретни чекори од страна на институциите, за најбрзо решавање на проблемот, во интерес на граѓаните и безбедноста во сообраќајот, особено во централното градско подрачје. Надлежните институции ќе продолжат со информирање на јавноста за расчистување и отстранување на возилата, кои подолг временски период, се наоѓаат на разни локации (паркинзи на јавни претпријатија, тротоари, семејни дворови и слично, наведуваат од општината.

Лани, беа дефинираат конкретни чекори кои требаше да ги преземат сите субјекти одговорни за процесот на дислокација на хаварисаните возила. Првично општина Куманово воведе можност за бесплатно отстранување на хаварисаните возила на подрачјето на општината, за што скоро и да немаше интрес. По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби требаше да почнат отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите.

Според информациите на комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина и ги зафаќаат тротоарите.